Top Sport

Харден е незапирлив, Дејвис ги растури ЛА Клиперс (Видео)

Џејмс Харден одигра уште еден натпревар со 30+ поени, а Хјустон го декласира Менфис. Изминатат ноќ покрај бекот на Хјустон блескаше и центарот на Њу Орлеанс, Ентони Дејвис.

Харден во победата на Хјустон над Мемфис 112:94 постигна неверојатни 57 поени, за помалку од 35 минути игра. Во првото полувреме Харден постигна 36 од 54.поени на својата екипа.

„Брадата“ го одигра и 17. натпревар во низа на кој што постигнал најмалку 30 поени. Единствени во историјата на НБА кои што успеале да одиграат 17 и повеќе натпревари со најмалку 30 постигнати поени, покрај Харден се Елџин Бејлор со кого „Брадата“ се израмни на вечната листа, на која лидер е Вилт Чембрлен со 20 такви натпревари.

Интересен меч пол со пресврти одиграа во Лос Анџелес Клиперси и Њу Орлеанс Пеликанс. Гостите победија 121:117, благодарение на уште една брилијантна партија на најдобриот центар во лигата Ентони Дејвис. Играчот на Пеликанс натпреварот го заврши со 46 поени и 16 скока.

Резултати:

Бруклин Нетс-Бостон Селтикс 109:102
Хјустон Рокетс-Мемфис Гризлис 112:94
Сан Антонио Спарс-Шарлот Хорнетс 93:108
Јута Џез-Детроит Пистонс 100:94
Сакраменто Кингс-Портланд Трејлблејзерс 115:107
ЛА Клиперс-Њу Орлеанс Пеликанс 117:121.

Scroll to Top