Top Sport

Харден ги реши Клиперс, Бостон ја продолжија серијата, ГСВ немоќни во ЛА (Видео)

Седум натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Џејмс Харден блескаше против ЛА Клиперс, Бостон ја продолжија победничката низа, ЛА Лејкерс лесно се справија со Голден стејт Ворирос.

Хјустон во својот „Тојота центар“ славеа над Лос Анџелес Клиперс 102:93. Речиси половина од поените на Хјустон ги постигна Џејмс Харден. „Брадата“ забележа 47 поени (12/26 за три), шест скока, седум асистенции.

На спротивната страна се истакна Каваи Ленард со 26 поени, 12 скока и седум асистенции. Клиперс последните неколку минути беа без тренерот Док Риверс кој беше исклучен од натпреварот.

Бостон Селтикс ја запишаа деветтата победа во низа. Пред Селтикс паднаа Вашингтон Визардс 140:133.

Мечот го обележа играчот на Вашинготн Вредли Бил со 44 поени. Бостон го предводеа Кемба Вокер (25 поени), Џејсон Тејтум (23 поени).

Лејекрс без многу трид славеа во дуелот со Голден стејт 120:94. Без Ентони Дејвис беа Лејекрс на овој меч, но ниту тоа не ги спречи да забележат лесна победа.

Леброн Џејмс забележа 23 поени и 12 скока, два поени помалку кај Вориорс постигна Дианџело Расел.

Резултати:

Шарлот-Мемфис 117:119
Орландо-Филалдлефија 112:97
Минесота-Сан Антонио 129:114
Портланд-Торонто 106:114

Scroll to Top