Top Sport

Харден и Ембид со легендарен меч, Сиксерси ја прекинаа лудата серија на Милвоки

И покрај тоа што губеа со 18 поени разлика во третата четвртина, Филаделфија 76ерс се вратија за фантастична 133:130 победа над Милвоки бакс, така прекинувајќи ја нивната победничка серија од 16 натпревари.

Џејмс Харден имаше 38 поени и 10 асистенции, а Џоел Ембид додаде 31 поен и 10 асистенции, за првпат да бидат соиграчи кои постигнале 30 поени и 10 асистенции во ист меч од 1979 година. Сиксерс ја добија последната четвртина со 48:31, со што станаа тимот со најмногу поени во последна четвртина од 1972 година.

„Решивме да си дадеме шанса во последната четвртина. Не имаа цел меч, но на крајот ние излеговме со тоа што го имаме“, изјви Харден.

За Бакси ова е прв пораз од 21 јануари, со што остануваат на пола натпревар пред Бостон селтикс за најдобар скор во лигата. Јанис Адетокумбо заврши со 34 поени и 13 скока, додека Џру Холидеј и Брук Лопез имаа по 26 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ
Мајами – Атланта 117:109
Кливленд – Детроит 114:90
Сан Антонио – Хјустон 110:122
Милвоки – Филаделфија 130:133
Сакраменто – Минесота 134:138

Scroll to Top