Top Sport

Харден им пресуди на Финикс, Јокиќ броеше до 43 во поразот на Денвер

Само Бостон ја искористи предноста на домашниот терен, во синоќешните шест натпревар во НБА лигата. Бруклин Нетс, во дербито, ја прекинаа победничката низа на Финикс Санс.

Никола Јокиќ, индивидуално, ја обележа ноќта во НБА лигата, но неговиот тим не успеа да победи во Бостон. Селтикс победија убедливо со 112:99. Џејлен Браун постигна 27, Џејсон тејтум 21, а Кемба Вокер 17 поени.

Јокиќ го одигра четвртиот најефикасен меч во кариерата, постигна 43 поени, на кои придодаде шест скока и пет асистенции, но не доби помош од соиграчите, Џамал Мареј постигна 25 поени, но „продаде“ и девет топки.

Лејкерси, без Ентони Дејвис, успешно го минаа гостувањето во Минеаполис. „Езерџиите“ славеа над Минесота 112:104. Леброн Џејмс со 30 поени, 13 скока и седум асистеции го предводеше тимот. Кај Минесота се ситакна Ентони Едевардс со 28 поени.

Бруклин победија кај Финикс, иако во еден момент беа во минус од 24 поени (73:49). Иако играа без Кевин Дурент и Кајри Ирвинг, Нетс, успеаја да ја прекинат од шест победи во која беа кошаркарите на Финикс.

Џејмс Харден забележа 38 поени, седум скока и 11 асистенции, ветеранот Џеф Грин постигна 18, а Џо Херис 22 поени (15 во второто полувреме). Санс ги предводеше искусниот Крис Пол со 29 поени, Девин Букер постигна седум поени помалку.

Резултати:

Бостон-Денвер 112:99
Мемфис-Њу Орлеанс 113:144
Милвоки-Торонто 113:124
Минесота-ЛА Лејкерс 104:112
Оклахома-Портланд 104:115
Финикс-Бруклин 124:128.

Scroll to Top