Кошаркарот на Филаделфија Севентисиксерс, Џејмс Харден потврди дека ќе се откаже од дел од парите во договорот со цел неговиот тим да доведе повеќе квалитетни засилувања.
Харден имаше опција да заработи 47,4 милиони долари следната година.
„Разговарав со Дерил (Мори, генерален менаџер), ми беше објаснето како можеме да бидеме подобри и колку вредат одредени играчи на пазарот. Му реков на Дерил да го подобри тимот, да донесе кого треба да донесе и да ми го даде тоа што останува. Толку сум очаен за победа, сакам да се борам за прстенот. Во оваа фаза од кариерата, само тоа ми е важно и подготвен сум да земам помалку пари за тоа“, изјави Харден, кој во август ќе наполни 33 години.
Не се познати точните услови на новиот договор, иако новинарот Шамс Чаранија објави дека Харден следната година ќе земе 15 милиони помалку од првично предвидените.