Top Sport

Харден поразен на дебито за Клиперс, Ембид броеше до 40, прв пораз на Бостон

Џејмс Харден со пораз дебитирапе за ЛА Клиперс, Бостон Селтикс го доживеа првиот пораз во сезоната, Џоел Ембид постигна 48 поени против Вашингтон, а Индијана Пејсерс до врв го наполнија кошот на Сан Антонио Спарс.

Ла Клиперс доживеаја убедлив пораз во Њујорк 111:97. Харден дебитираше за Клиперси со 17 поени и шест асистенции. Никс ги предводеа Џулиус Рендл со 27 поени и Ар-Џеј Барет со 26 поени.

Индијана Пејсерс во голем стил му ја подарија на тренерот Рик Карлајл 900. победа во кариерата.

Тие го уништија Сан Антонио Спарс со 152:111 со 23 поени на Тајрис Халибартон.

Го следеа Бади Хилд и Оби Таупин со по 19 и Арон Нејсмит и Мајлс Тарнер со по 15 поени.

Даг Мекдермот беше најефикасен кај Спарс со 17 поени, Келдон Џонсон додаде 16, а Зек Колинс постигна 14 поени.

Најпопуларното име на стартот од сезоната Виктор Вембањама погоди само 3 од 12 удари од поле и го заврши мечот со 13 поени и 10 скока.

Филалделфија, по стартниот пораз од Минесота, забележа пет победи. Изминатата ноќ ги победија Вашингтон Визардс со 146:128. Лидер на тимот беше актуелниот МВП од регуларниот дел на минатата сезона, Џоел Ембид со 48 поени и 14 скока. Ембид 40.пат во кариерата постигна најмлаку 40 поени на натпревар.

Во ноќта зад нас се случи и првиот пораз на Бостон во новата сезона. Селтикс по едно продолжение загубија од Минесота 114:109.

Херој на домашната победа беше Ентони Едвардс со 38 поени, 9 скока и 7 асистенции. Го следеше Џејден МекДаниелс со 20 поени, а Руди Гобер имаше 14 поени и 12 скока.

Во тимот од Масачусетс, Џејсон Тејтум постигна 32 поени, додека Џејлен Браун, сопственикот на најголемиот договор во историјата на кошарката, забележа 26 поени и 7 скока.

Scroll to Top