Top Sport

Харден постигна 42 коша, Хјустон поразени од Адетокумбо и Милвоки (Видео)

Милвоки Бакс ја спасија честа на екипите кои изминатата ноќ играа како гости во НБА лигата. Бакс во дербито славеа во Хјустон со 116:109. Мечот го обележа двобојот на двајцата најсериозни кандидати за МВП наградата, Џејмс Харден и Јанис Адетокумбо.

Хјустон го имаа моментот кај себе, предност на полувремето, но и лоша третата четвртина, во која Бакс ја добија со 15 поени, што на крајот беше доволно да забележат победа.

„Фрик Грик“ Адетокумбо го предводеше победникот со 27 поени и 21 скок. Покрај Адетокумбо кај Милвоки уште четворица играчи постигнаа двоцифрен број на поени: Малком Брогдон (15), Стерлинг Браун (13), а по 10 коша уфрлија Крис Мидлтон и Ерсан Иљасова.

Харден кај Хјустон одигра уште еден натпревар на кој постигна најмалку 30 поени. „Брадата“ во поразот од Бакс имаше 42 поени и 11 скока. На ниво одигра и Клинт Капела кој оствари дабл-дабл од 18 поени и 13 скока.

Милвоки се лидери на Истокот и воопшто во лигата со 29 победи и 12 порази, додека Хјустон се на шестата позиција на Западот со 23 победи и 17 порази.

Scroll to Top