Top Sport

Рамзи се договорил со Јувентус

Англиските медиуми пишуваат дека Арон Рамзи ги договорил сите услови со Јувентус, каде би се преселил како слободен играч, веднаш по завршувањето на сезоната. Наводно Велшанецот во Јувентус ќе заработува околу седум милиони фунти годишно.

Ремзи цела деценија е играч на Арсенал, но летово дефинитивно ќе замине од Лондон. Според медиумите, тој без обесштетување ќе се пресели во Јувентус, каде ќе заработувал 140.000 фунти неделно.

Со годишна плата од 7,2 милиони фунти Рамзи ќе биде третиот најплатен играч на Јувентус. Пред него ќе идат само Кристијано Роналдо и Далглас Коста.

Велшанецот во кариерата во дресот на Арсенал има одиграно 356 натпревари, на кои постигнал 62 гола.

Scroll to Top