Top Sport

Харден преку двајца, во последната секунда им пресуди на Вориорс (Видео)

Хјустон во Оукленд, по едно продолжение, загуби од Хјустон со 134:135. На шампионите им пресуди Џејмс Харден кој одигра уште еден неверојатен натпревар.

„Брадата“ најпрвин погоди тројка на 20 секунди до крајот на регуларниот дел со која избори продолжение за својот тим. Инаку, Хјустон успеа да се врати во мечот иако во третиот период Голден стејт имаа предност од 20 поени.

Харден во продолжението, успеа преку двајца играчи (Грин и Томпсон) и во последната секунда да погоди за победа на својот тим.

Бекот на Хјустон натпреварот го заврши со трипл-дабл (44 поени, 15 асистенции и 10 скока). „Брадата“ и на претходниот меч забележа трипл-дабл, а дуелот со Голден стејт беше петтиот во низа на кој постигнал најмалку 40 поени, односно 11. во низа на кој реализирал најмалку 30 поени.

Брилијантен меч кај Хјустон одигра и Клинт Капела со 29 поени и 21 скок, додека двоцифрени беа уште Остин Риверс (18), Дениел Хаус (17) и Џералд Грин (16).

Вориорс ги предводеше Стеф Кари со 35 поени, додека по 26 поени постигнаа Клеј Томпсон и Кевин Дурент.

Хјустон со десеттиот триумф на последните 11 натпревари стигнаа до четвртото место на Западот со скор 22/15, додека Вориорс се на третата позиција со 25/14.

Scroll to Top