Супер-ѕвездата на Хјустон, Џејмс Харден нема да биде дел од репрезентацијата на САД на Светското првенство во Кина. „Брадата“ е вториот важен играч, по Ентони „Веѓа“ Дејвис кој го откажа настапот на Мундобаскетот.
Откажувањето на Херден значи дека дека Америкаците без вистинска супер-ѕвезда ќе настапат на Кина, исклучок е можеби играчот на Портланд Демијен Лилард.
Од „страшниот“ тим што требаше да настапи во Кина останаа покрај Лилард, Пол Милсап, Бредли Бил, Си-Џеј Мекалум, Џејсон Тејтум, Кемба Вокер, Пи-Џеј Такер, Ламаркус Олдриџ и Демар Дерозан.
Веројатно селекторот Грег Попович ќе треба да повика дополнително уште некој играч.
САД во Кина ќе ја бранат титулата освоена во 2016 година.