Top Sport

Алжирците се шампиони на Африка (Видео)

Фудбалерите на Алжир се победници на 32 издание на Африканскиот куп. Алжирците во големото финале во Каиро со 1-0 ја совладаа репрезентацијата на Сенегал. Со ист резултат Алжир славеше и во дуелот на овие две селекции во фазата по групи. Инаку оваа е втора титула за Алжир, прва по пауза од 29 години.

Клучниот момент на натпреварот се случи на почетокот на втората минута кога Бунеџ со помош на блокот што го постави еден од играчите на Сенегал го постигна единствениот гол. До крајот на натпреварот Алжирците не упатија ниту еден директен удар кон голманот на Сенегал.

Финалето разочара со квалитетот на фудбалот што го понудија двете селекции. Алжирците беа насочени кон одбраната на својот гол, додека нападите на Сенагал беа без организација и премногу стерилни.

Во вториот дел најголемото возбудување се случи во 60 минута кога судијата досуди пенал за Сенгал, но пота ја поништи одлуката откако ја прегледа снимката.

Scroll to Top