Top Sport

Харден со 45 поени го скрши Бостон

Филадефија го победи Бостон со 119:115 и поведе во серијата со 1:0. Сиксерси до брејк во Бостон дојдоа без најдобриот играч Џоел Ембиид.

По лошиот старт, Сиксерси предводени од Џејмс Харден успеаја да направат пресврт. Бостон имаа предност во поголемиот дел од мечот, но разликата не беше голем. Во финишот на сцена стапи Харден, постигна 45 поени, со шест асистенции и еден скок, со што израмни рекорд во плејофот во кариерата.

Интересно е што Харден пред осум години го постави личниот рекорд. Тој како играч на Хјустон во мај 2015 година постигна 45 поени.

Поддршка му беше Тајрис Макси кој постигна 26 поени.

Кај Селтикси најдобар беше Тејтум со 39 поени, 11 скока и пет асистенции. Браун додаде 23 поени, Брогдон 20.

Следниот натпревар се игра за два дена.

Scroll to Top