Хјустон рокитс му ја исполнија желбата на Џејмс Харден и го испратија во Бруклин нетс во мега-трејд на четири тимови, вклучувајќи ги и Индијана и Кливленд, јавува „ЕСПН“ и повеќе американски медиуми.
Нетс им испратиле на Хјустон „пакет“ кој вклучува повеќе кошаркари и избори на драфтот и го вклучува Карис Леверт, кој потоа е трејдуван во Индијана пејсерс а Виктор Оладипо. Џарет Ален и Торин Прајс од Нетс ќе отидат во Кливленд кавс како дел од зделката, додека Рокитс ќе ги добијат Данте Егзам од Кливленд и Родионс Куруч од Бруклин. Хјустон исто така добива три пика на драфтот на Бруклин (2022, 2024, 2026), како и првиот избор на драфтот на Кливленд во 2022.
Со мега-договорот, Харден повторно ќе игра со колегата од Оклахома Сити, Кевин Дурент, а во Нетс е и Кајри Ирвинг, тим со кој Бруклин дефинитивно е меѓу фаворитите на Истокот. Исто така Харден си заминува од Хјустон не во најдобри односи, откако неговата изјава дека тимот „не е доволно добар“ не наиде на добра реакција кај тимот и кај фановите.