Top Sport

Хауард му удрил бокс на колегата, суспендиран до крајот на сезоната

Натпреварот помеѓу Висконсин и Мичиган во НЦАА лигата, го обележа хаосот што го предизвика тренерот на Мичиген, Џуан Хауард. Поранешниот НБА шампион му удрил бокс на колегата од спротивниот табор.

Хауард не можел да се помири со поразот на неговиот тим 77:63. Незадоволен, веднаш по завршувањето на натпреварот најпрвин влегол во вербална расправија со тренерот на Висконсин.

Откако настана мешаница на теренот, тој му удрил бокс на еден од помошниците на тренерот на Висконсин.

Поради овој потег, Хаурад е суспендиран до крајот на сезоната, а ќе мора да плати и парична казна од 40.000 долари.

 

Scroll to Top