Top Sport

Херел најдобар шести играч во НБА

Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Мотрез Херел, ја доби наградата за најдобар шести играч во НБА лигата.

Центарот на екипата од Лос Анџелес оваа сезона влегувајќи од клупата имал просек од 18,6 поени, 7,1 скокови и 1,7 асистенции.

Херел наградата ја доби во конкуренција на Денси Шрудер од Оклахома Тандер и соиграчот Лу Вилијамс.

Херел е првиот висок играч од 2011 година кој ја добил наградата за најдобра резерва во лигата.

Третат сезона по ред, а петти пат во последните седум сезони играч на Клиперс ја добива наградата за најдобар шести играч во лигата.

Scroll to Top