Top Sport

Херојство на Ману Џинобили – спасил бабичка на плажа!

Легендата на Сан Антонио спарс и на аргентинската кошарка, Ману Џинобили многупати ги спасуваше Спарси на кошаркарскиот терен, а сега во спортска пензија уште еднаш докажа дека е вистински херој.

Додека уживал на плажата во заливот Бланка во Аргнетина, една постара жена паднала во обид да се искачи на песочна дина, а веднаш во помош „долетал“ Џинобили, објаснува внуката на бабичката на Твитер.

„Главата на мојата бабичка се заглави во песокот и двајца истрчаа да и помогнат. Кога пристигнавме забележав дека се фотографираат со еден од нив, и мислев дека тоа е смешно. Но, потоа сфатив дека се работи за Ману Џинобили!“, пишува девојката на Твитер.

Scroll to Top