Top Sport

Хезоња сака да се врати во Панатинаикос

Марио Хезоња (29) би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната, пишува „Марка“. Хрватскиот кошаркар во Реал пристигна од УНИКС Казан во 2022 година, а договорот му истекува на крајот од оваа сезона.

Грчките медиуми пишуваат дека Панатинаикос чии дрес го носеше во 2020 и 2021 година сака да го врати во Атина. Наводно Панатинаикос му нуди тригодишен договор вреден два милиони евра по сезона.

Реал сака да го задржи, но не може да му понуди финансиски услови каков што му понудиле од Грција.

Хезоња сезонава забележа 25 настапи во Евролигата, во кои имаше просек од 13 поени, 4,4 скока и 0,6 асистенции со 21:36 минути поминати на паркетот. Во шпанската лига има слични просечни бројки од 11,5 поени, 4,5 скока и 1,2 асистенции за 21:54 минути игра.

„Марка“, истакнува дека навивачите на Панатинаикос секогаш со овации го поздравувале Хезоња кога играл со Реал во Грција. Исто така, тој му се доверил на новинарот Јоргос Киријакидис дека би сакал повторно да игра за Панатинаикос.

Заедно горе споменатите три клуба, Хезоња играше и за Барселона, односно Орландо Меџик, Њујорк Никс, Портланд Трејл Блејзерс и Мемфис Гризлис во НБА.

Scroll to Top