Top Sport

Химки го потврдија трансферот на Грег Монро

Кошаркарскиот клуб Химки го потврди трансферот на Американецот Грег Монро. Поранешниот студент на универзитетот Џорџтаун минатата сезона играше во Баерн Минхен.

Монро во НБА лигата играл за Детроит Пистонс, Милвоки Бакс, Финикс Санс, Торонто Репторс и Филалдефија Севентисиксерс. Во кариерата во НБА лигата има просек по натпревар од 13 поени осум скока.

Химки со доаѓањето на Монро најавува големи амбиции во наредната сезона. Рускиот клуб ќе има една од најсилните центарски линии во Евролигата. Покрај Монро во тимот од Реал Мадрид се врати Џордан Мики.

Scroll to Top