Српскиот кошаркарски џин Бобан Марјановиќ, во САД, привлекува внимание каде и да се појави. Ценатрот висок 221 сантиметар, сезоната ја започна во Детроит, за потоа да биде трејдуван во ЛА Клиперс.
Марјановиќ вчера со својата сопруга Милица бил присутен на настан на кој меѓу гостите била и славната пејчка и актерка Џенифер Лопез. Соиграч го натерал Марајновиќ да се фотографира со популарната Џеј Ло.
Марјановиќ и неговата сопруга биле воодушевени што се запознале со големата ѕвезда, а фотографиите, на кои се кошаркарот и пејачката, поради „висинската“ разлика ,станаа хит на социјалните мрежи.