Ден пред почетокот на новата сезона во НБА лигата, Хјустон Рокетс потпиша петгодишен договор со центарот Алперен Шенгун.
Центарт на Хјустон кого НБА новинарите го нарекуваат „Бејби Јокиќ“ доби петгодишен договор вреден 185.000.000 долари.
Шенгун стана првиот играч по Лука Дончиќ и Треј Јанг кој потпишал петгодишно продолжување на руки договорот. Тој има опција кога ќе влезе во последната петта година да преговара со други франшизи.
Минатата сезона, Шенгун беше еден од шесте играчи кои во просек постигнуваа најмалку 21 поен, девет скока и пет асистенции, покрај суперѕвездите: Никола Јокиќ, Јанис Адетокумбо, Лука Дончиќ, Џоел Ембиид и Џулиус Рендл.
Хјустон, исто така, му даде на Џејлен Грин продолжување на договорот за три години од 106.000.000 долари, кој исто така ќе има опција за последната сезона.
Тој ги „купи“ челниците на „ракетите“ со своите игри во март, кога тимот нанижа 11 победи, а Грин имаше просек од 30,2 поени при 50 проценти шут од поле и 45 проценти шут за три поени.