Хјустон Рокетс ги победија Голден стејт Вориорс 112:108 што значи дека го израмнија резултатот во полуфиналната серија во Западната конференција на 2:2.
Харден и екипата од средината на втората четвртина ја контролираа играта, во третата имаа двоцифрена предност која ја одржуваа и во последниот квартал. Сепак Вориорс успеаја да се вратат во мечот, Харден на 11 секунди до крајот погоди едно слободно фрлање за 111:108.
Вориорс имаа акција преку Дурент кој не успеа да обезбеди продолжение, потоа се обиде и Кари но и тој не погоди.
Харден со 38 поени, 10 скока и 4 асистенции беше најефикасен кај Хјустон, Ерик Гордон постигна 20, Пи Џеј Такер 17, а Крис Пол забележа 13 поени, 8 скока и 5 асистенции.
Дурент со 34 поени го предводеше Голден стејт, Кари постигна 30, Грин имаше 15 поени и 10 скока, а потфрли Томпсон кој постигна само 11 поени.