Top Sport

Хјустон има нов тренер

Хјустон Рокетс одлучија да го ангажираат Име Удока за нов тренер, пренесува новинарот Адријан Војнаровски од ЕСПН. Рокетс оваа сезона ја завршија со скор 22-60, а полош скор од нив имаа само Детроит Пистонс.

Хјустон, пред две години започнаа реконструкција на тимот, оваа сезона имаа една од најмладите тимови во лигата, полна со неодамнешни драфт пикови, но ова лето имаат намера да го пополнат составот со ветерани и да направат чекор напред.

Хјустон од наредната сезона ќе го предводи 45. годишниот Удока, кој само една бил главен тренер. Минатата сезона со Бостон играше во големото финале, во кое загуби од Голден стејт Вориорс со 4:2.

Пред почетокот на сезоната Бостон Селтикси го суспендираа Удока на една година поради „непримерен однос со вработена во клубот“ на кој и бил надреден, што е строго забрането според клупските правила.

Покрај Хјустон, за неговите услуги беа заинтересирани и Торонто Репторс, оваа франшиза минатата недела му врачи отказ на Ник Нурс.

Scroll to Top