Top Sport

Хјустон ќе тргнат по Џими Батлер

Хјустон Рокетс ќе се обидат да формираат голема тројка, откако франшизата објави дека се заинтересирани за крилниот играч на Филаделфија ’76, Џими Батлер.

Џејмс Харден и Крис Пол не се доволни за Хјустон сериозно да може да се вмеша во борбата за шампионската титула во НБА-лигата. На овие двајца им е потребен уште еден супер-стар, а изборот е Батлер, играч со „Ол стар“ педигре.

Сепак пред Хјустон се многу пречки за да го договорат Батлер.

Рокетс немаат простор во „селери капот“ за да го потпишат Батлер, кој летово ќе стане слободен агент. Ова значи дека тој може да смета на максимални суми за четири или пет годишен договор.

Филалделфија има можност да му понуди 146,5 милиони долари за четири години или 190 милиони долари за пет годишна соработка.

Поради тоа Хјустон се надеваат дека преку пат на трејд би можеле да го донесат Батлер. Тоа значи дека играчот најпрвин би требало да потпише договор со Филалделфија, а потоа клубовите да договорат размена, во која не е исклучена можноста да биде вклучен и трет клуб.

Хјустон за Батлер се подготвени да понудат двајца од овие тројца кошаркари: бекот Ерик Гордон, крилнот-центар Пи Џеј Такер и центарот Клинт Капела.

Проблем за Хјустон претставува и интересот што за Балтер го покажуваат ЛА Лејкерси.

Scroll to Top