Top Sport

Хјустон со повредениот Харден немоќни против Голден стејт (Видео)

Кошаркарите на Голден стејт Вориорс ги победија Хјустон Рокетс 115:109 и поведоа со 2-0 во полу-финалната серија, во Западната конференција во НБА лигата.

Дулеот во Оуклнед го обележа повредата на најдобриот играч на Хјустон, Џејмс Харден. Тој доби удар во пределот на очите, кратко беше надвор од теренот, а кога се врати во играта беше јасно дека има големи проблеми.

Кога станува збор за натпреварот, Вориорс првата четвртина ја добија со 29:20, на полувреме имаа девет поени позитива (58:49), а во третата четвртина ја стекната клучната шредност од 15 поени.

Победниците ги предводеа Кевин Дурент (29 поени, 5 скока, 4 асистенции), Клеј Томпсон (21 поен), Стеф Кари (20 поени), Андре Игудала (16 поени, 5 скока, 4 асистенции) и Дрејмонд Грин (15 поени, 12 скока, 7 асистенции).

Повредениот Харден, на кого му пречело силното светло во арената, натпреварот го заврши со 29 поени, 7 скока, 4 асистенции, Крис Пол постигна 18 поени, со 7 скока и 6 асистенции, Ерик Грин забележа 15 поени, а Клин Капела имаше 14 поени и 10 скока.

Наредниот натпревар, трет во серијата, се игра в недела во Хјустон.

Scroll to Top