Top Sport

Хорас Грент: Џордан лаже, јас не бев кртот

Поранешниот кошаркар на Чикаго Булс Хорас Грент не се согласува со многу работи од документарниот филм „Последниот танц“, кој е посветен на кариерата на Мајкл Џордан.

Грент и Џордан никогаш не биле во добри односи, бидејќи Хорас секогаш му возвраќал на критиките. Во документарниот филм повторно е кажано дека Грент бил еден од оние кои на новинарот Сем Смит му открил што се случувало во соблекувалната на Булс. Смит тие сознанија ги објави во книгата „Правилата на Џордан“.

Поранешниот кошаркар на Чикаго, Орландо Лос Анџелес Лејкерс негира дека тој бил кртот.

„Лага, лага, лага…Доколку Мајкл ми е лут ајде тоа да го решиме како мажи. Ајде да разговараме. Или тоа можеме да го средиме на поинаков начин. Меѓутоа тој сепак се појавува во јавноста со таа лага, дека јас сум бил кртот. Сем Смит и јас бевме и се уште сме големи пријатели. Меѓутоа факте е дека она што се случува во соблекувалната треба да остане таму. Не заборавајте Сем истражува тој е таков новинар. Имаше два извори, зошто тогаш Џордан го впери прстот во мене“, рекол Грент.

„Тој ми е лут, тоа сакам да ви го кажам. Тоа го покажа и во овој така наречен документарец. Кога ќе кажеш нешто за него тој ќе те „исече“, ќе проба да ти го уништи карактерот“.

Грент додава дека Џордан ги прекинувал односите со луѓето кои го критикувале, го посочува примерот со Чарлс Баркли.

„Беа пријатели 20-30 години. Тој кажа нешто за начинот на кој Мајкл ги води Шарлот Хорнетс и оттогаш не разговараат. Тој вели дека јас сум кртот, а 35 години по својата руки сезона тој раскажува како во собата на еден соиграч имало дрога, трева и жени. Што сакам да кажам? Зошто по ѓаволите зборувал за тоа? И после тој за некого ќе каже дека е крт“.

Грент дополнил дека „Последниот танц“ е така наречен документарец, дека многу работи се исфрлени, но и дека Џордан се излажал дека може да доминира во однос на него. Додава дека било срцепарателно како Џордан се однесувал со Вил Пердју, Стив Кер, Скот Барел.

Scroll to Top