Поранешниот соиграч на Перо Антиќ од Атланта Хокс, Ал Хорфорд, договорил соработка со Филаделфија ’76. Репрезентативецот на Доминиканска република за четири години ќе инкасира 109 милиони долари.
Хорфорд како слободен играч доаѓа во Филалдлефија откако ја одби опцијата да остане во Бостон Селтикс за плата од 30 милиони долари.
33 годишниот центар од Филаделфија ќе добие 97 милиони долари и дополнителни 12 милиони преку разни бонуси.
Хорфорд е петкратен Ол-стар играч и трет пик на драфтот во 2007 година избран од Атланта. Минатата сезона во Бостон имал учинок од 13,7 поени и 6,7 скока по натпревар.