Центарот на Бостон селтикс, Ал Хорфорд нема да ја искористи опцијата од 30.1 милиони долари за сезоната 2019/20 и ќе замине од тимот како слободен агент ова лето, јавува „ЕСПН“.
Преговорите за нов договор со Селтикс се неуспешни, бидејќи има голема разлика меѓу тоа што тимот е подготвен да понуди и парите кои Хорфорд сака да ги добие со нов долгогодишен договор. Претседателот на кошаркарски операции на Дени Ејнџ и агентот на Хорфорд, Џејсон Глашон не планираат повторно да седнат на преговарачка маса и тој заминува по три сезони во клубот.
Хорфорд, петкратен Ол-Стар, беше клучен член на Селтикс и фаворит на тренерите и соиграчите. Тој имаше просек од 13.6 поени и 6.7 скокови минатата сезона, негова трета во клубот откако дојде од Атланта. Тој се пласираше во плејофот Источната конференција 11 пати во својата 12-годишна кариера.