Top Sport

Хрватска го дозна противникот во полуфиналето од квалификациите за ОИ

Противник на хрватската кошаркарска репрезентација во полуфиналето од квалификациите за Олимписките игри ќе биде Доминиканска Република.

Ова и официјално беше потврдено откако домаќинот Грција во последниот натпревар го победи Египет со 93:71. Хрватска во сабота од 20 часот ќе игра со Доминиканската Република.

Противникот на Хрватска на овој турнир не може да смета на неколку клучни играчи.

Во споредба со ланското Светско првенство, го нема центарот Карл-Ентони Таунс, ѕвездата на Минесота Тимбервулфс, како и Анхел Делгадо, исто така центар, кој игра за Галатасарај.

Недостига и Лестер Кињонес од Голден Стејт Вориорс.

Еден од предводниците на оваа репрезентација е 26-годишниот плејмејкер Андрес Фелиз, кој од следната сезона ќе настапува за Реал Мадрид, а тука е и Крис Дуарте, шутер кој настапува за Сакраменто Кингс во НБА лигата.

Во случај на победа над Доминиканската Република, Хрватска би се пласирала во квалификациското финале кое ќе се игра веќе во недела.

Нејзин противник би бил подобриот од дуелот Словенија и Грција.

Scroll to Top