Top Sport

Хрватска ја победи Украина и најверојатно ја „избегна“ Србија

Хрватската кошаркарска репрезентација во последниот меч од групата Д, во клучниот меч со 90:85 ја совладаа Украина за да го обезбедат третото место во групата и дуел со второпласираниот од групата Ц, што значи дека ќе ја избегнат Србија, кој ако вечерва ја победи Полска го обезбедува првото место во својата група.

Хрватите водеа во поголемиот дел од мечот, пред во финишот на третата четвртин, Бобров со тројка да им донесе водство на Украинците, пред во последната четвртина да се влезе со израмнети 67:67. Крунослав Симон успеа да го крене тимот со своите тројки за +7 разлика и победа. Бојан Богдановиќ со 27 поени, 7 скока и 3 асистенции беше најдобар кај „коцкестите“, додека Володимир Херун со 21 и Богдан Близњук со 16 беа најефикасни.

Во групата Д, пак, Финска со 88:67 ја декласираше Холандија за да ги заддржат шансите да бидат втори и така противник на Хрватите. Финска дојде до предност од 15 поени по првата четвртина (26:11) за на крајот да стигнат до убедлива победа. Лаури Марканен со 22 поени и Шон Хаф со 14 поени беа најдобри за Финска.

ГРУПА Ц
Хрватска – Украина 90:85
Естонија – Грција 17.00 ч.
Велика Британија – Италија 21.00 ч.

ГРУПА Д
Финска – Холандија 88:67
Чешка – Израел 17.30 ч.
Србија – Полска 21.00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top