Top Sport

Хрватска во луд финиш ја победи Шведска и остана во игра за СП!

Хрватската кошаркарска репрезентација остана во игра за пласман на Светското првенство во 2023 по неверојатната 105:98 победа на гости кај Шведска по две продолженија. Ова беше прва победа на „коцкестите“ во квалификациите која ги „остава во живот“ во борбата за пласман.

Хрватска губеше со 15 поени на полувреме, пред да се вратат во второто и во неизвесна завршница да губат на 5 секунди пред крајот, кога Рамљак израмни за продолжение. Во првото продолжение беше израмнето, пред во второто Хрватска пак да се врати од -4 за во последниот напад да стигнат до победа.

Филиповиќ беше најефикасен за Хрватска со 29, Крушлин додаде 21, а Матковиќ имаше 16 поени и 13 скока. Хакасон со 31 и Борг со 16 беа најдобри за Шведска.

Scroll to Top