Украина и го нанесе на шпанската кошаркарска репрезентација првиот пораз во квалификациите за Светското првенство во 2019 година, откако со 76:65 ја совладаа „фуријата“ во интензивен меч.
Украинците водеа речиси во текот на целиот меч (само 70 секунди Шпанците имаа предност), за на крајот да направат двоцифрена предност во последните две минути.
Дебитантот на Лос Анџелес лејкерс, Сви Михаилјук ја предводеше украинската репрезентација со 22 поени со 5-од-9 од поле, Вјачеслав Кравцов додаде 13, а Денис Лукашов 11 поени. Украина сега има 4-3 скор, додека Шпанците остануваат први со 6-1.