Top Sport

И Шекил О`Нил му се поклони на Јокиќ: Долго не сум видел вакво нешто

Српскиот кошаркарски интернационалец, Никола Јокиќ беше најдобриот играч во четвртфиналната серија меѓу Денвер и Сан Антонио која им припадна на „нагетси“ со 4-3. Центарот просечно постигнуваше по 23поени со 12 скока и 9 асистенции, со процент на шут од безмалку 50%.

Во мајсторката оствари трипл-дабл ефект.

„Јокиќ е уживање да го гледаш. Многу е добар. Долго времене сум видел вакво нешто, некој центар да игра на тој начин. Никола е млад и сјаен играч, но се уште може да напредува. Ме импресионираше“ рече легендарниот центар, Шекил О`Нил.

Пофалби на сметка на Србинот упати и тренерот на „Спарси“, Грег Попович.

„Го имам речено ова сигурно 10 пати, величествен е“ – вели тренерот.

Тренерот пак на Денвер, Мајк Малоуни исто така со комплименти за својот играч.

„Само ми потврдува дека се работи за иден член на Куќата на славните. Тој е светски играч, МВП кандидат“ – смета тренерот на Денвер.

Scroll to Top