Top Sport

Најлошиот меч на Модриќ за Реал – невидлив, немоќен, изгубен!

Хрватот Лука Модриќ на синоќешниот нов пораз на Реал Мадрид од Рајо Валјекано со 1-0 беше убедливо најслабиот играч во поразената екипа. Не е претерано да се каже дека ова беше најлошиот меч откако пред 7 години дојде во Мадрид, пишуваат хрватските медиуми.

Пред крајот на првото полувреме, Модриќ имаше изгубено дури 7 топки.

Играта ја напушти во 74 минута, а шпанскиот коментатор иронично рече дека во кадарот на екраните бил единствено кога добил жолт картон на мечот.

„Марка“ напиша дека Хрватот бил „потполно невидлив на мечот“. Маедиумот најдобро го илустрира неговиот лош настап и со тоа што единствено тој е неоценет од сите играчи на Кралскиот клуб.

„Очигледно беше кој Модриќ не се снаоѓа, изгуби многу топки, од што посебно се истакнуваат три ситуации кога неверојатно им ги „продаде“ на противничките фудбалери“ – пишува „Марка“.

Scroll to Top