Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид го потврди трансферот на Серж Ибака. Ибака, минатата сезона играше за Баерн Минхен, во Реал дојде на местото на Венсан Поарие кој се пресели во Анадолу Ефес.
Ибака се врати во „кралскиот“ клуб, чиј дрес го носеше два месеци во 2011 година, за време на „лок-аутот“ во НБА.
Поголемиот дел од кариерата го помина во НБА, дури 14 сезони, од кои седум во Оклахома.
Исто така, ги бранеше боите на Торонто, Орландо, ЛА Клиперс и Милвоки.
Со Милвоки Бакс беше шампион во 2019 година, три пати беше во најдобрата дефанзивна петорка во лигата (2012-2014), а двапати најдобар блокер во НБА (2012, 2013).