Top Sport

Идеалната петорка на Мајкл Џордан

Најдобриот во историјата на кошарката Мајкл Џордан ја избра идеалната петорка на сите времиња. Изборот ќе предизвика полемики и расправи, бидејќи во петорката на Џордан се наоѓаат само кошаркари од неговата ера.

„Можам да зборувам само за оние со кои сум играл и поради тоа ќе изберам само играчи од мојата ера“, рекол Џордан.
Плејмејкер е Ирвин Меџик Џонсон, логично дека тој е на позицијата бек-шутер, на тројка е неговиот соиграч од најславните денови на Чикаго Булс, Скоти Пипен, крилен-центар е легендата на ЛА Лејкерс, Џејсм Ворти, а центар двократниот шампион со Хјустон, Хаким Олајџувон.

Мајкл Џордан во кариерата освоил шест титули со Чикаго, пет пати бил МВП во лигата, а шест пати МВП на финалната серија. Џордан влезе во кошаркарската „Куќа на славните“ во 2009 година.

Scroll to Top