Top Sport

Идеалниот тим на сезоната во АБА лигата

АБА лигата, по завршувањето на регуларниот дел од сезоната, ја објави најдобрата петорка. Сезоната ја обележа играчот на Мега, Филип Петрушев, кој е МВП, најдобар стрелец и најдобар млад играч.

Петрушев и неговиот колега Марко Симоновиќ во најдобрата петорка се на позициите центар и крилен центар. Ниско крило е Јака Блажиќ од Цедевита Олимпија, додека на бековските позиции се Никола Ивановиќ од Будуќност и Џордан Лојд од Црвена звезда.

Разигрувањето за титулата во АБА лигата ќе започне на 3.мај со дуелите Црвена звезда-Игокеа и Будуќност-Морнар.

 

Scroll to Top