Top Sport

Игокеа ќе игра во Лигата на шампионите

Кошаркарскиот клуб Игокеа наредната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите на ФИБА. Шампионот на Босна и Херцеговина пред неколку дена добил понуда од ФИБА, истата во клубот решиле да ја прифатат.

Специјализираниот кошаркарски портал „Јурохуп“ објави дека клубот од Лакташи веќе ги контактирал челниците на светската куќа на кошарката.

Пријавувањето за настап во ова натпреварување трае до 5 јуни.

Од АБА лигата, покрај Игокеа, покани за настап во Лигата на шампионите на ФИБА добиле и Партизан, Будуќност и Цедевита Олимпија.

Од овие клубови засега нема никаква реакција на поканата.

Scroll to Top