Top Sport

Игор Кокошков ќе го преземе Ефес

Српскиот стручњак Игор Кокошков наскоро би можел да се врати во европската кошарка.

Потврда за наводите што се појавија претходно во сезоната, а во врска со неговото преселување во Истанбул, пристигнува од Италија.

Додека Лука Банки сè уште беше тренер на Анадолу Ефес, беше јасно дека по завршувањето на сезоната тој ќе ја напушти функцијата и тогаш името на Игор Кокошков беше меѓу фаворитите за замена на италијанскиот стручњак.

Наводно, сега е донесена одлука Кокошков да го преземе тимот и со тоа да стане третиот тренер во последната година по Томислав Мијатовиќ.

Тоа би бил негов втор мандат во турската престолнина, бидејќи претходно беше тренер на Фенербахче.

Кокошков започна во КК Београд, работеше во помладите категории на Партизан, а по заминувањето во НБА беше помошник тренер во неколку тимови, како и првиот неамерикански главен тренер кога го презеде Феникс.

Тој беше селектор на Грузија, Србија и Словенија. Со Словенците го оствари најголемиот успех во кариерата кога ја освои европската титула.

Scroll to Top