Леброн Џејмс е именуван за играч на неделата во Западната конференција во НБА лигата, додека на Истокот тоа признание оди кај Домантас Сабонис од Индијана Пејсерс.
Ѕвездата на „езерџиите“ во четирите меча минатата седмица забележа просек од 28.3 поени, 8 асистенции и 7,5 скока по меч.
Тој е најзаслужниот што Лејкерси запишаа три победи. Против Орландо на последниот меч запиша трипл дабл со 30 поени, 11 скока и 10 асистенции.
Со тоа 36-годишниот кошаркар стана најстариот играч во лигата кој остварил трипл дабл и тоа со 30 поени, а со тоа го престигна легендарниот Коби Брајант.
На Истокот, литванскиот центар Сабонис Пејсерси ги водеше до три победи со 25 поени, 10,3 скока и 6 асистенции во просек.
NBA Players of the Week for Week 8.
West: LeBron James (@Lakers)
East: Domantas Sabonis (@Pacers) pic.twitter.com/6UO0kbyZKw— NBA (@NBA) December 13, 2021
LeBron surpassed Kobe as the oldest player to ever record a 30-point triple-double ? #SCFacts pic.twitter.com/JHMPUp823A
— SportsCenter (@SportsCenter) December 13, 2021