Бекот на Оклахома Сити Тандер, Шеј Гилџус-Александер е најдобриот кошаркар за минатата недела во Западната конференција во НБА лигата.
На Истокот, пак, признанието му припадна на плејмејкерот на Њујорк Никс – Кемба Вокер.
Гилџус-Александер ги предводеше Тандер до три победи во 4 натпревари со просек од 27,5 поени, 7 асистенции и 6,3 скока по меч.
Вокер, пак, на трите меча на Никси (две победи и пораз) имаше просек од 25 поени, 9 скока и 8,3 асистенции.