Top Sport

Салихамиџиќ, Румениге и Кан под истрага на Обвинителството

Германското Обвинителство покренало истрага против поранешни и актуелни членови на раководството на Баерн Минхен , пишуваат германските медиуми.

Истрагата е поради платата на тренерот во Центарот за млади таленти, а дел од истрагата се спортскиот директор на Баерн – Хасан Салихамиџиќ, поранешната ѕвезда на клубот, шефот на Управата – Оливер Кан и легендарниот Карл Хајнц Румениге кој беше шеф на клубот.

Се истражува работното време на тренерот , односно дали тој работел повеќе од дозволените 10 часа дневно. Информациите се дека клубот го прекршил и правилото на минимална плата, тренерот бил платен 450 евра.

Освен овие тројца, во истражната постапка се опфатени и заменик-претседателот на Баерн – Јан Кристијан Дресен и членот на Управата – Андреас Јунг.

Scroll to Top