Top Sport

Играчиште и човек со големо срце – Лука Дончиќ (Видео)

Лука Дончиќ ја воодушевува светската кошаркарска јавност со своите парии во НБА лигата, а деновиве импресионираше и со својата човечност.

Имено, малдиот Словенец помогнал да се соберат парични сретства од 2,2 милиони долари за помош на 22 месечно дете.

Неговиот сонародник Крис Зудич боледува од генетско мускулно пореметување, а благодарение на Дончиќ тој ќе го добие неопходниот третман на познатиот универзитет во Калифорнија УЦЛА.

Крис се запознал со Дончиќ непосредно пред почетокот на вчераниот натпревар што Далас Маверикс го играа во Лос Анџелес против Лејкерси.

Зудич и неговите родители се од Копер, а лекот што му е неопходен за генетската терапија е најскап во светот и чини 2,125 милиони долари.

Scroll to Top