Кошаркарите на Барселона не биле задоволни од начинот на кој со тимот раководел тренерот Светислав Пешиќ, поради што започнале да му го вртата грбот, пренесе „Марка“.
Медиумот кој е традиционално наклонет кон Реал Мадрид, не го наведува изворот на овие информации, туку тврди дека проблемите во соблекувалната на Барселона биле очигледни.
Барселона за оваа сезона формираше тим што може да доминира во Шпанија и во Евролигата. Од НБА лигата во клубот пристигнаа Никола Миротиќ, Алекс Абринес и Маклом Дилејни, на центарската позиција од Жалгирис го ангажираа одличниот Американец, Брендон Дејвис, а надворешната линија ја засилија со Кори Хигинс од ЦСКА.
Иако има проблеми со повредените плејмејкери Кевин Пангос и Тома Ертел, Барселона има скор 5/2 во шпанското првенство и 5/1 во Евролигата.
Меѓутоа методите на Пешиќ не им се допаѓале на кошаркарите, а „Марка“ наведува дека на тајмаутите Миротиќ и останатите му се смејат за грб на својот тренер.
„Марка“ го истакнува и незадоволството на Пјер Ориола, кој го губи местото во ротацијата во конкуренција на Миротиќ и Виктор Клавер.
Наводно голем дел од играчите биле незадоволни и критиките што тренерот ги упатувал кон нив.