Американскиот кошаркар Андре Игудала ноќеска ја погоди својата 1.000-та тројка во НБА кариерата. Тој својот јубилеј го постигна на мечот што неговиот Мајаи Хит го доби против Бостон Селтикс, со 112-106.
Игудала не е играч кој се потпира само на ударот од далечина, синоќа шутираше 1/5 од линијата за 3 поени.
Игудала е поранешен студент на универзитетот Аризона, а во НБА лигата има настапувано и за Филаделфија, Денвер и Голден Стејт. Пред да се приклучи на „жешките“ од Мајами, краток период помина и во Мемфис.
Еве ја неговата јубилејна тројка: