Ветеранот Андре Игудала се врати во Голден стејт Вориорс. 37-годишникот со Вориорс има освоено три шампионски титули, а во 2015 година беше прогласен за МВП на финалната серија.
„Кој би рекол дека ќе се отвори можност да се вратам во тимот со кој ги оставарив најголемите успеси во кариерата и каде што стекнав многу пријатели“, рекол Игудала.
Игудала со Вориорс беше шампион во 2015, 2017 и 2018 година.
Минатата сезона, Игудала, ја мина во Мајами Хита, а во кариерата играл во Филаделфија и Денвер.