Top Sport

Има една победа, а ќе го предводи Истокот на Ол-стар натпреварот

Тренерот на Милвоки, Док Риверс, ќе го води тимот на Источната конференција на Ол-стар натпреварот на 18 февруари во Индијанаполис.

Риверс неодамна дојде во Милвоки, а во моментот кога беше соопштено дека ќе седи на клупата на Источната конференција, има скор од една победа и два порази.

Тренерот рече дека ова правило не е добро и најави дека ќе му го даде Ол-стар прстенот и паричениот бонус на Адријан Грифин, кој како тренер на Милвоки Бакс имаше скор 30-13, пред да добие отказ.

„Навистина е смешно“, рече Риверс и дополни.

„Адријан сигурно ќе ги добие парите. И прстенот. Тоа е една од чудните работи. Мислам дека треба да има правило некој ова да го работи место мене“.

Бостон има подобар скор од Милвоки (37-12), но тренерот на Селтикс, Џо Мазула не е во конкуренција бидејќи минатата година беше тренер на Ол стар натпреварот.

Инаку, за Риверс ова ќе биде четврти пат во кариерата да биде тренер на Ол-стар натпреварот, по 2008, 2011 и 2021 година.

„Можеби ќе го испратам мојот персонал и ќе одам на одмор. Ќе се видам со Адам Силвер, тој е добар човек. Ќе разбере”, изјави Риверс.

Scroll to Top