Индијана Пејсерс ја продлабочија кризата во која се наоѓаат Голден стејт Вориорс. Без речиси целата стратна петорка, Пејсерс, славеа во Сан Франциско 121:117.
Пејксерс дуелот го добија по едно продолжение, откако Џастин Холидеј со тројка на шест секунди до крајот избори дополнителни пет минути. Во продолжението, Пејсерс со серија 10:0 го решија победникот.
Стеф Кари го предводеше Голден стејт со 39 поени, Кевон Луни забележа 13 поени и 15 скокови.
На спротивната страна Крис Дуарте предводеше група од седум играчи со двоцифрен број на поени. Дуарте натпреварот со заврши со 27 поени.