Top Sport

Ирвинг е под истрага, го фатиле без маска на забава!

Кошаркарската ѕвезда на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг пропушти сезонава неколку мечеви поради лични причини, но стана предмет на истрага од НБА лигата поради кршење на Ковид 19 протиколите откако се појави видео снимка на која тој без маска бил на забава.

Според „ЕСПН“ иако причините зошто Ирвинг не се појави на три натпревари на Нетси, на спорната снимка се гледа како тој танцува на роденденот на сестра му, без заштитна маска. НБА лигата строго им забранува на играчите да одат во ноќни клубови и на други места каде што има повеќе од 15 луѓе.

Според правилата, ако НБА кошаркар пропушти еден меч откако ги прекршил Ковид 19 протоколите тој губи дел од својата плата.
За Ирвинг кој има сезонска плата од 33.46 милиони долари тоа би значело дека ќе му одземат по 410.000 долари по меч.

Scroll to Top