Top Sport

Енди Шмит на 37 години со деби на СП: Во шок сум!

Откако Чешка и САД го откажаа настапот на ракометниот Мундијал во Египет, се отвори можност за учество на Македонија и Швајцарија за настап меѓу 32-те селекции.

За легендарниот ракометар на Рајн Некар Левен, Швајцарецот Енди Шмит (37) ова ќе е деби на Мундијалите.

„Ова е потполно нереално. Ниту за роденденот не добив толку многу пораки како вечерва. Се туширам и се пакувам веднаш. Знам дека постојат аргументи за и против ова СП поради коронавирусот, но морам да одам. Ова веројатно ќе е единствената прилика која ќе ја добијам“ изјави синоќа Шмид.

Швајцарскиот репрезентативец од 2014 до 2017 години 4 сезони во низа е прогласуван за најдобар ракометар во Бундеслигата, но неговата Швајцарија нема доволно силна селекција за да избори пласман на СП.

Шмид досега играл на три континентални првенства, па сега на 37 години ќе дебитира и на Мундијалите.

Scroll to Top