Top Sport

Ирвинг и Дурент комбинираа 78 поени, Бруклин загубија во Мемфис

Спектакуларен натпревар, изминатата ноќ, одиграа Мемфис и Бруклин. Мемфис славеа победа 132:120 и речиси ја обезбедија втората позиција на Западот, пред почетокот на плејофот.

Натпреварот мина во знакот на Кајри Ирвинг и Кевин Дурент кои заедно постигнаа 78 од 120.поени на Бруклин.

Ирвинг постигна 43 поени, имаше и осум асистенции, Дурент мечот го заврши со 35 поени, 11 скока, осум асистенции и по две блокдаи и украдени топки.

Мемфис со тимска игра дојдоа до победата. Дезмонд Бејн и Дентони Мелтон со по 23 поени, предводеа група од седум кошаркари кои постигнаа двоцифрен број на поени.

Резултати: Шарлот-Њујорк 106:121, Детроит-Атланта 122:101, Индијана-Сакраменто 109:110, Бостон-Јута 125:97, Мајами-Голден стејт 104:118, Оклахома-Орландо 118:102, ЛА Лејкерс-Филаделфија 121:126, Портланд-Сан Антонио 96:133.

Scroll to Top